May 18, 2025 | | Македонија
Екипата на Арсими направи историски успех со убедливата победа од 4-0 на гостувањето кај Вардар Неготино и се избори за пласман во Првата македонска фудбалска лига за првпат во својата историја. Тимот од Боговиње го реши натпреварот уште во првото полувреме со три погодоци, а со уште еден во вториот дел ја зацементираше својата промоција меѓу најдобрите екипи во земјата. Покрај Арсими, директен пласман обезбеди и Македонија Ѓорче Петров, која веќе порано го потврди своето место во елитата, а денеска и официјално го запечати првото место на табелата со 65 бодови. Возбудливо беше и дербито во Штип, каде што Башкими со минимални 1-0 славеше против Брегалница. Голот на Емир Асани во деветтата минута беше доволен за кумановскиот тим да стигне до победата и трето место на табелата со 63 бодови. Со тоа Башкими обезбеди бараж за влез во Првата лига, каде ќе се соочи со Беса. Резултати - 30. коло - Втора лига: Брегалница – Башкими 0-1 Борец – Охрид 2-0 Детонит Плачковица – Победа 1-1 Осогово – Вардарски 0-0 Скопје – Саса 3-2 Кожуф – Новаци 5-1 Македонија ЃП 0-0 Вардар Неготино – Арсими 0-4 Фото: Facebook/KF Arsimi
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |