Мбапе падна како на филм, контроверзен црвен картон за Севиља (ВИДЕО)

May 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе падна како на филм, контроверзен црвен картон за Севиља (ВИДЕО)

Во рамките на 37. коло од Ла Лига, Реал Мадрид гостува кај Севиља а уште во 12. минута стоперот на домаќините Баде доби директен црвен картон по наводниот старт над Мбапе како последен играч. Гледајќи ја во детали снимката, може да се види дека многу кратко стоперот го држи Мбапе, потоа го пушта по што Французинот театрално падна на земја и изнуди исклучување на противничкиот играч. Нова ситуација за која и тоа како ќе се зборува на социјалните мрежи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.