Гатузо: Трајковски слободно можеше да ме отера „каде што не треба“

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Гатузо: Трајковски слободно можеше да ме отера „каде што не треба“

Хајдук вчера ја победи Ријека со гол на Александар Трајковски во финишот на натпреварот. По мечот, тренерот Џенаро Гатузо го пофали македонскиот напаѓач, иако призна дека не му давал многу шанса да игра. „Трајковски го заслужи овој момент. Кога го постигна голот, можеше слободно да ме испрати „каде што не треба“, бидејќи ретко играше. Имаше проблеми со повреди, но секогаш беше позитивен и подготвен. Многу сум му благодарен. Никогаш немав проблем со него“, рече Гатузо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.