May 19, 2025 | | Свет
Ливерпул веќе започна со формирање на тимот за наредната сезона, фокусирајќи се на дефанзивната линија. Два играчи се на пат да пристигнат на „Енфилд“ и да ги зацврстат крилните позиции во одбраната. На десната страна, замената за Трент Александер-Арнолд е веќе позната – Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен е новото засилување. Левата страна, пак, ќе добие нов лик во форма на Милош Керкез од Борнмут. Керкез, млад лев бек и унгарски репрезентативец со српско потекло, веќе постигнал личен договор со Ливерпул, според информациите од англиските медиуми. Тој би требало да потпише договор до 2030 година. Слабата форма на Енди Робертсон сезонава го натера клубот да бара ново решение за таа позиција, а изборот падна токму на Керкез, кој се покажа како еден од најперспективните бекови во Премиер лигата. За трансферот да се реализира, преостанува Ливерпул и Борнмут да постигнат договор за висината на обесштетувањето. Се проценува дека трансферот ќе изнесува помеѓу 45 и 50 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |