Јамал ќе биде новата „десетка“ во Барселона!

May 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јамал ќе биде новата „десетка“ во Барселона!

Каталонската магија продолжува да живее преку младото чудо од фудбалер – Ламин Јамал. Само што не го прославил својот 18-ти роденден, а веќе добива нешто што секој млад играч може само да го сонува: легендарната „десетка“ на Барселона. Овој симбол на величина, што своевремено го носеше самиот Лионел Меси, ќе му припадне токму на Јамал – момчето кое ја освежи играта на Барса со неверојатни потези, зрелост и визија ретко видени кај играчи на негова возраст. По Меси и неуспешната епизода на Ансу Фати, „десетката“ повторно добива сопственик достоен за нејзината тежина. Но, тука не завршува изненадувањето. Барселона планира да го врзе младиот бисер со нов, долгорочен договор, кој ќе вклучува и откупна клаузула од ни помалку ни повеќе – една милијарда евра! Со тоа, клубот јасно им става до знаење на потенцијалните ривали дека Ламин не е на продажба. Оваа сезона Јамал се издигна како еден од клучните фудбалери на тимот, оставајќи силен печат на секој натпревар. Со новиот договор, новиот број и огромната одговорност на грбот – буквално и фигуративно – иднината на Барселона изгледа светло. Неговото време допрва доаѓа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.