Бомба од Италија: Клоп ќе биде нов тренер на Рома?!

May 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Бомба од Италија: Клоп ќе биде нов тренер на Рома?!

Според сензационалното откритие на италијанската „Ла Стампа“, потрагата на Рома по наследник на Клаудио Раниери можеби завршила и тоа со стил. Овој медиум тврди дека токму Јирген Клоп е на пат да го преземе кормилото на „волчицата“. Како што пишува медиумот, во неделата се одржал клучен состанок меѓу Клоп и челниците на клубот, предводени од претседателот Дан Фридкин. Средбата, наводно, завршила со ракување и согласност. Клоп, кој моментално е ангажиран во спортската структура на Ред Бул групацијата, би направил вистински пресврт во кариерата — напушта административна функција и се враќа таму каде што е најмоќен: покрај аут-линијата. Но, амбициите на Рома не застануваат тука. Клубот планира значителни засилувања за да стане конкурентен и во Серија А и на европската сцена. Ако оваа информација се потврди, „Олимпико“ наскоро ќе го пречека Клоп како нов лидер на проект кој има за цел да го врати Рома на фудбалската мапа на големите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.