Валенсија го тужи Нетфликс поради Винисиус

May 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Валенсија го тужи Нетфликс поради Винисиус

Документарецот посветен на животот и кариерата на Винисиус Жуниор, објавен од Нетфликс, стана топ тема во фудбалската јавност, не само поради квалитетот на продукцијата, туку и поради контроверзите што ги предизвика. Фокусот на расизмот кој младиот Бразилец го доживува на фудбалските терени, особено инцидентот на „Местаља“ против Валенсија, предизвика бурни реакции. Во документарецот, експлицитно се тврди дека цела трибина скандирала навредливи зборови, вклучувајќи го и расистичкиот израз „мајмун“, сцена која предизвика незадоволство кај шпанскиот клуб. Одговорот на Валенсија не доцнеше. Клубот најави можни правни дејства и побара итно појаснување од продуцентите на Нетфликс. „Во документарецот се прикажани настани на начин што не ја одразува вистината и непотребно ја стигматизира нашата навивачка база. Побаравме објаснување од продукцијата и го задржуваме правото на правни мерки. Почитта и вистината мора да бидат приоритет“, се наведува во официјалното соопштение на Валенсија. Документарецот, кој има за цел да го прикаже личниот и професионален пат на Винисиус, е навидум и крик против неправдите што ги доживува еден од најголемите млади таленти на модерниот фудбал. Сепак, начинот на кој се пренесени некои настани може да доведе до судска разврска, особено ако Валенсија се реши да оди до крај.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.