Барса се откажа од Нико Вилијамс, тргнува по крилото на Ливерпул

May 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса се откажа од Нико Вилијамс, тргнува по крилото на Ливерпул

Каталонскиот гигант Барселона го идентификувал Луис Диаз од Ливерпул како приоритетно засилување за крилната позиција ова лето, пренесува весникот Спорт. Колумбискиот офанзивец е новата мета на Ханси Флик и спортското раководство, откако интересот за Нико Вилијамс значително ослабна. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, синоќа во изјава за медиумите потврди дека Вилијамс веќе не е во фокусот на каталонскиот клуб. „Тој беше еден од кандидатите минатото лето, но тоа е веќе минато. Сега разгледуваме други опции“, рече Лапорта. Една од тие „други опции“ е токму Диаз, кој веќе неколку сезони е еден од најконстантните играчи во тимот на Ливерпул. Сепак, потенцијалниот трансфер нема да биде лесен за реализација. Англискиот клуб, според наводите на шпанските медиуми, нема намера да го пушти својот офанзивец за помалку од 85 милиони евра. Финансиската состојба на Барселона и понатаму е под лупа, а прашањето е дали клубот ќе успее да обезбеди доволно средства за реализација на ваков голем трансфер. Сè ќе зависи и од излезните трансфери и од тоа колку клубот ќе успее да го растовари платниот список во наредниот период.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.