Есклузива од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

May 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Есклузива од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!

Иако ја загуби трката за титулата во Ла Лига, Реал Мадрид веќе започнува амбициозна реконструкција на тимот за следната сезона. Првата голема новина доаѓа на тренерската позиција – Чаби Алонсо, актуелниот стратег на Баер Леверкузен, ќе го преземе кормилото на „кралскиот клуб“. Алонсо веќе доставил неколку барања, меѓу кои е и задржувањето на Лука Модриќ, кој би имал улога на лидер и ментор во соблекувалната. Во дефанзивната линија пак се потпишаа Дин Хујсен од Борнмут и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул. Но, вистинската трансфер „бомба“ одекна вечерва – Реал Мадрид ќе го активира откупниот член од договорот на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Клаузулата вреди 58 милиони евра, и со тоа клубот ќе го осигура потписот на еден од најперспективните крилни напаѓачи во Европа. Интересно, Вилијамс во минатиот преоден рок беше на чекор од преселба во Барселона, но сега ќе ја засили директната конкуренција од Мадрид, што дополнително ќе ги разгорува ривалствата на „Ел Класико“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.