Манчестер Јунајтед почнува преговори со Ѓекереш

May 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Манчестер Јунајтед почнува преговори со Ѓекереш

Манчестер Јунајтед ги интензивирал преговорите за шведскиот голгетер Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон, јавува новинарот на „Л’Екип“, Лоик Танци. Според информациите, клубот од „Олд Трафорд“ ќе се обиде да го финализира трансферот веднаш по финалето на Лигата на Европа денеска. Јунајтед веќе неколку месеци внимателно го следи настапот на 26-годишниот напаѓач, кој оваа сезона блескаше под водство на Рубен Аморим. Ѓекереш се наоѓа високо на листата на приоритети, додека клубот е веќе во напредна фаза на преговори и за ангажман на Матеус Куња од Вулверхемптон. Според Танци, „црвените ѓаволи“ се првиот клуб што направил „конкретен потег“ за ангажман на шведскиот репрезентативец, во услови на зголемен интерес и шпекулации за неговата иднина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.