May 21, 2025 | | Свет
Манчестер Сити вчера го одигра последниот натпревар на домашен терен оваа сезона, победувајќи го Борнмут со 3-1, но натпреварот имаше посебна тежина за навивачите – беше последен на „Етихад“ за белгиската легенда Кевин де Брујне. 33-годишниот плејмејкер започна од првата минута и беше пречекан со огромен банер од навивачите, како симболично збогување по девет успешни сезони во кои го испиша златното поглавје на клубот. Сепак, мечот нема да го памети по најдобро. Во 25. минута, Де Брујне ја имаше најдобрата шанса на натпреварот – се најде пред празна мрежа, но неверојатно промаши. Топката наместо во мрежата, се одби од гредата и се врати во игра, оставајќи ги сите на стадионот во неверување. По крајот на сезоната и гостувањето кај Фулам во последното коло од Премиер лигата, Де Брујне ќе го напушти Манчестер Сити. Зад себе остава блескава кариера на „Итихад“, освојувајќи се што може да се освои на клупски план, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, пет титули во Премиер лигата, повеќе купови и индивидуални признанија. Фановите и клубот веќе подготвуваат официјално збогување, а Де Брујне останува запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на Манчестер Сити.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |