May 21, 2025 | | Македонија
По цели 18 години чекање, Вардар конечно го скрши проклетството и повторно се искачи на врвот – екипата од Скопје вечерва триумфираше во финалето од Купот на Македонија, совладувајќи ја Струга Трим Љум со 2-0. Херој на финалето беше младиот Михаил Талевски, кој со два погодоци ги водеше „црвено-црните“ до големиот успех. Победата не само што му го донесе на клубот првиот куп по 2007 година, туку и обезбеди европски настап во Лигата на конференции следната сезона – фантастичен пресврт ако се знае дека Вардар до неодамна се бореше за опстанок. Првиот гол беше постигнат во 26. минута, откако Јанкулов проби по десната страна и нафрли до Талевски, кој од десетина метри ја погоди мрежата во долниот лев агол. Во вториот дел, наместо Струга да се врати, Вардар продолжи уште посилно. Во 49. минута, повторно беше несопирлив Михаил Талевски, кој ја дуплираше предноста и го најави славјето. До крајот на натпреварот, резултатот остана непроменет, а Вардар заслужено го крена пехарот. Финалето беше круна на одличната пролетна полусезона за најтрофејниот македонски клуб, кој по години турбуленции, конечно, се враќа на европската сцена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |