May 21, 2025 | | Македонија
Иако „Комити“ секогаш се на трибините за да му дадат поддршка на Вардар, во текот на финалниот натпревар направија невообичаен потег. На неколку минути пред крајот на мечот, навивачката група одлучи да го напушти стадионот. Причината за ваквиот гест не е самата игра, туку постојаните несогласувања со управата на клубот, со која навивачите веќе подолго време водат битка. И покрај тоа што гласно ги бодреа фудбалерите на Вардар до самиот крај, нивното предвремено заминување беше симболичен чин на протест. На заминување, тие оставија јасна порака наменета токму за фудбалерите — знак дека нивната поддршка останува, но разочараноста од раководството е сè поголема.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |