Дојде и тој момент: Moдриќ го напушта Реал

May 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дојде и тој момент: Moдриќ го напушта Реал

Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ нема да го продолжи договорот со Реал Мадрид и ќе се раздели со клубот на крајот на оваа сезона, објави шпанската „COPE“. Иако се очекуваше можен нов договор, „Кралскиот клуб“ не испратил официјална понуда до 39-годишниот играч за врска. Така, домашниот натпревар против Реал Сосиедад на 24 мај ќе биде последен на „Сантијаго Бернабеу“ за Модриќ, кој ќе се прости од навивачите по повеќе од една деценија носење на белиот дрес. Според истите извори, идниот тренер Чаби Алонсо не бил вклучен во дискусиите за иднината на Модриќ, а одлуката за непонудување нов договор ја донела управата на клубот. И покрај тоа, се очекува Модриќ да биде дел од составот на Реал Мадрид на Светското клупско првенство во САД во 2025 година. Модриќ пристигна во Мадрид од Тотенхем во август 2012 година и за 12 сезони остави неизбришлива трага. Во тековната сезона 2024/25, искусниот плејмејкер одигра 55 натпревари, постигна четири гола и забележа девет асистенции. Со неговото заминување завршува една значајна ера во средниот ред на Реал Мадрид, каде што Модриќ беше клучен дел од тимот што освои бројни титули, вклучително и пет Лиги на шампиони.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.