Сега и официјално: Лука Модриќ заминува од Реал!

May 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сега и официјално: Лука Модриќ заминува од Реал!

Се чини дека навистина дојде крајот на една ера – Лука Модриќ го игра својот последен танц во дресот на Реал Мадрид. Искусниот хрватски маестро нема да добие нов договор од „кралскиот клуб“, и по 13 години верна и беспрекорна служба, ќе им се поклони на навивачите за последен пат. Модриќ ќе се збогува со „Сантијаго Бернабеу“ по натпреварот со Реал Сосиедад во последното коло од Примера, а потоа ќе патува со тимот во САД, каде Реал ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство – последната станица во неговата мадридска приказна. Во текот на повеќе од една деценија, Лука одигра неверојатни 590 натпревари за Реал Мадрид и постигна 30 голови. Освои сè што може да се освои – од титулите во Ла Лига, преку Купот на кралот, па сè до најпосакуваниот трофеј – Лигата на шампионите, која ја подигна шест пати. Моментално не е познато дали Модриќ ќе ја продолжи фудбалската кариера или ќе стави крај. Постојат интереси од неколку клубови, но не се исклучува ниту повлекување од фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.