Познато кога ќе биде претставен Чаби Алонсо

May 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Познато кога ќе биде претставен Чаби Алонсо

Карло Анчелоти во сабота ќе го одработи својот последен натпревар на клупата на Реал Мадрид, со што ќе заврши неговата втора етапа на чело на клубот. Првата ја имаше меѓу 2013 и 2015 година, а во 2021 година повторно се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Во текот на своите два мандата, Анчелоти го предводеше клубот до бројни трофеи – три титули во Лигата на шампионите, по две во Ла Лига, Копа дел Реј и Светското клупско првенство, со што ја зацврсти својата позиција меѓу легендите на „кралскиот клуб“. Додека се подготвува неговото заминување, шпанските медиуми сè поинтензивно известуваат за доаѓањето на Чаби Алонсо, кој се очекува да биде новиот предводник на тимот. Алонсо, кој моментално има одлична сезона со Баер Леверкузен, ќе биде претставен како нов тренер на Реал Мадрид во понеделник, на 27 мај, со што конечно ќе се разреши неколкумесечната дилема за тоа кој ќе го наследи Анчелоти. Со оваа смена, Реал Мадрид влегува во нова ера – од искусниот Италијанец кон поранешниот фудбалски виртуоз и идниот стратег, Чаби Алонсо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.