May 23, 2025 | | Свет
Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми повторно е блиску до заминување од Динамо Загреб. Откако се врати од краткиот ангажман во Кина минатото лето, капитенот на „модрите“ оваа сезона не доби значајна минутажа, што е главна причина за можната разделба со клубот. Иако забележа 26 настапи, Адеми одигра вкупно само 1.213 минути – просечно нешто повеќе од 45 минути по натпревар. Често беше користен како џокер од клупата, наместо како стандардна фигура во стартниот состав. Летниот преоден рок ќе донесе неколку нови имиња во Динамо, како што се Дејан Љубичиќ, Роберт Мудражија и Марко Солдо, а и покрај заминувањата на играчи како Петар Сучиќ и потенцијално Мартин Батурина, не се очекува зголемена улога за Адеми во ростерот. Како најсериозна нова дестинација за македонскиот интернационалец се посочува словенечкиот Марибор. Таму спортски директор е неговиот поранешен соиграч Михаел Микиќ, што би можело да ја олесни евентуалната соработка. Потенцијалниот трансфер во Марибор би значел повеќе минутажа и поголема улога во тимот за Адеми. Иако има валиден договор со Динамо до јуни 2026 година и годишна плата од околу 800.000 евра, ситуацијата очигледно оди во насока на спогодбен прекин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |