May 25, 2025 | | Свет
Во последното, 38. коло од Премиер лигата, се одредија учесниците во европските купови за следната сезона. На неколку стадиони имаше вистинска драма. Челси успеа сам да си ја заврши работата и со минимална победа од 0-1 над Нотингем Форест на „Сити Граунд“ обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Стрелец на победничкиот гол беше Луис Колвил, кој донесе огромна радост за „сините“. Њукасл, пак, го разочара сопственото сценарио – загуби на домашен терен од Евертон со 0-1, голот го постигна Карлос Алкараз. Сепак, „страчките“ добија неочекувана услуга од Манчестер Јунајтед, кој и покрај тоа што немаше резултатски мотив, со 2-0 ја совлада Астон Вила. Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Диало и Ериксен, а Вила играше со играч помалку во второто полувреме по исклучувањето на голманот Емилијано Мартинез. Со ова, Челси заврши на четвртото место со 69 бода и ќе игра во Лигата на шампионите, а пласман обезбеди и Њукасл и покрај поразот. Астон Вила заврши со 66 бода, и ќе се натпреварува во Лигата на Европа. Последниот европски билет оди кај Нотингем Форест, кој и покрај поразот од Челси, заврши со 65 бода и обезбеди настап во Конференциската лига на УЕФА. Во врвот на табелата, шампионот Ливерпул ремизираше со Кристал Палас (1-1), Арсенал победи кај Саутемптон (1-2), а Манчестер Сити триумфираше на гости кај Фулам (0-2).
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |