June 25, 2024 | | Свет
Иако малкумина очекуваа дека Австрија би можела да заврше прва во групата каде учесници се Холандија и Франција, фудбалот пишува приказни. Австрија успеа да ја совлада Холандија со 3-2 во еден неверојатен натпревар. Најпрво, во 6. минута Мален несреќно си постигна автогол, а на самиот почеток на второто полувреме, односно во 47. минута, Гакпо успеа да погоди на асистенција на Чави Симонс. Во 59. минута Шмид повторно ја шокираше Холандија и Австрија успеа повторно да поведе. Депај во 75. минута ја врати надежта на Холанѓаните и израмни на 2-2 и кога тие го имаа моментумот за да го сврат натпреварот, Сабицер ги докрајчи со голот во 80. минута. Австрија заврши како лидер во групата Д со шест бодови, Франција со пет, Холандија четири бодови и Полска со само еден бод.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |