May 25, 2025 | | Свет
Барселона ја заврши сезоната во Ла Лига на импресивен начин со убедлива победа од 0:3 на гостувањето кај Атлетик Билбао на „Сан Мамес“. Иако титулата веќе беше осигурана, „каталонците“ уште еднаш покажаа класа и ја потврдија доминацијата во шпанскиот шампионат. Херој на вечерта беше Роберт Левандовски, кој постигна два гола во првото полувреме. Полјакот првиот погодок го реализираше во 14. минута по одлична асистенција од Лопез, мајсторски лобувајќи го голманот во ситуација еден на еден. Само четири минути подоцна, повторно се запиша во листата на стрелци овојпат по корнерот на Рафиња, кога најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата за својот 100. гол во дресот на Барселона. Конечниот резултат го постави Дани Олмо во завршницата на мечот, погодувајќи од белата точка за 0:3. Натпреварот имаше и емотивен момент – легендата на Атлетик Билбао, Оскар де Маркос, одигра својот последен меч во професионалната кариера. Верен на клубот од 2009 година, 35-годишниот дефанзивец доби аплаузи и овации од трибините во знак на почит кон неговата посветеност и лојалност.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |