Реал Мадрид непланирано ќе плати многу за веднаш да го донесе Александер Арнолд

May 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид непланирано ќе плати многу за веднаш да го донесе Александер Арнолд

Шпанскиот гигант Реал Мадрид реши да не чека до крајот на јуни за да го доведе Трент Александер Арнолд. Наместо тоа, клубот е подготвен веднаш да уплати 5 милиони евра на сметката на Ливерпул за да го обезбеди десниот бек уште пред почетокот на Светското клупско првенство. Иако првичната понуда изнесувала скромни 500.000 евра, Ливерпул ја одбил без многу размислување. Реал потоа мораше да ја зголеми понудата десеткратно – сума која, според „Ел Чирингито“, наскоро ќе биде официјално префрлена. Целта на „кралевите“ е Арнолд веднаш да му се стави на располагање на новиот тренер Чаби Алонсо, кој го гледа како клучна алка во дефанзивната линија за претстојниот глобален настап на клубот. Со ваквиот развој на настаните, англискиот репрезентативец би можел многу порано од очекуваното да го облече белиот дрес на Реал, оставајќи го Енфилд зад себе и започнувајќи ново поглавје во Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.