Ал Наср службено дојде до три бода: противничкиот голман бил полицаец!

May 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ал Наср службено дојде до три бода: противничкиот голман бил полицаец!

Неочекуван пресврт го расветли финишот на првенството во Саудиска Арабија, откако Ал Наср утрово доби службени три бода и доби нова шанса да се вмеша во трката за место во азиската Лига на шампиони. Клубот на Кристијано Роналдо вложи жалба за натпреварот од 23. коло, во кој беше поразен со 2-1 од Ал Оробах. Причината: Ал Оробах настапил со нерегуларен фудбалер – резервниот голман Рафи Ал Руваили, кој во моментот на почетокот на сезоната бил ангажиран како полицаец, односно полу-професионалец, и не ги исполнувал сите критериуми за регистрација. Жалбата на Ал Наср беше прифатена, па натпреварот е службено регистриран со победа за нив, што значи дополнителни три бода во генералниот пласман. Со ова, Ал Наср сега има само два бода помалку од водечкиот Ал Хилал, кој го очекува тежок дуел со Ал Кадсија во последното коло.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.