Одлична вест за наредната сезона: Сите средби од Првата лига ќе бидат пренесувани на ТВ!

May 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Одлична вест за наредната сезона: Сите средби од Првата лига ќе бидат пренесувани на ТВ!

Македонската фудбалска Прва лига од следната сезона ќе направи историски чекор кон медиумска експонираност – сите натпревари од секое коло ќе бидат пренесувани во живо на телевизија, со што домашната лига ќе се доближи до европските стандарди, барем во делот на медиумското покривање. Оваа новина ја најави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, на денешниот медиумски брифинг. Според најавите, по три натпревари од секое коло ќе се пренесуваат на регионалната спортска телевизија „Арена спорт“, додека останатите три ќе се емитуваат на националниот сервис – МТВ. Преносите ќе бидат распределени низ викендот, во термини во петок, сабота и недела. „Ова е крупен чекор за домашниот фудбал, чекор што ќе го направи попристапен и попривлечен за пошироката јавност. Нашата цел е преку екраните да ги вратиме и гледачите на трибините“, изјави Омерагиќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.