Дарко Чурлинов се збогуваше со Јагелoнија

May 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Дарко Чурлинов се збогуваше со Јагелoнија

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално се прости од полскиот прволигаш Јагелонија, по завршувањето на едногодишната позајмица од англискиот Барнли. На социјалните мрежи, Чурлинов упати емотивна порака со зборовите: „Ти благодарам Јагелонија за сезоната“, изразувајќи благодарност за довербата и за доживеаното искуство. Иако пристигна на почетокот од сезоната како позајмен играч, Чурлинов брзо се наметна како клучен фудбалер во тимот и одигра важна улога во историскиот успех на клубот. Со негов придонес, Јагелонија стигна до четвртфиналето на Конференциската лига – најголем меѓународен успех во историјата на клубот, и го освои Суперкупот на Полска. И покрај блескавата сезона, Чурлинов сега се враќа во Барнли, клуб со кој сè уште има важечки договор. Сепак, според информациите, не се очекува да остане во англискиот тим, па можно е повторно трансфер или нова позајмица во претстојниот летен преоден рок.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Darko Churlinov🃏 (@churlinov7)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.