Куња наскоро пристигнува на „Олд Трафорд“, имал посебно барање до клубот

May 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Куња наскоро пристигнува на „Олд Трафорд“, имал посебно барање до клубот

Матеуш Куња наскоро ќе биде претставен како прво засилување на Манчестер Jунајтед за сезоната 2025/26. Бразилецот веќе ги договорил личните услови со клубот, а „ѓаволите“ се подготвени да ја активираат откупната клаузула. Вулверхемптон доцна синоќа му даде дозвола на напаѓачот да го комплетира трансферот на Олд Трафорд, откако Манчестер Jунајтед прифати да плати 62,5 милиони фунти во рок од две години. Со ова зелено светло, клубот од Манчестер доби и право да ги организира медицинските прегледи и да го финализира петгодишниот договор со напаѓачот. Во меѓувреме, Куња поставил едно конкретно барање – сака да го носи дресот со број 10, бидејќи се гледа себеси како лидер на тимот и клучен играч кој ќе прави разлика. Сепак, овој број моментално го носи Маркус Рашфорд, па останува нејасно дали англискиот репрезентативец ќе го промени бројот или евентуално ќе го напушти клубот. Според информациите на Токспорт, токму ова барање би можело да биде индикатор за поголеми промени во редовите на Јунајтед, особено ако дојде до продажба на Рашфорд.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.