Билетите за дуелот со Белгија пуштени во продажба по 300 и 500 денари

May 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Билетите за дуелот со Белгија пуштени во продажба по 300 и 500 денари

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска попладне започна со продажбата на билети за квалификацискиот натпревар против Белгија, кој ќе се одигра на 6 јуни на Националната арена „Тодор Проески“, со почеток од 20:45 часот. Портпаролот Златко Андоновски, на денешната прес-конференција по објавувањето на списокот на селекторот Благоја Милевски, информираше дека билетите ќе бидат достапни по цени од 300 и 500 денари. Картите ќе можат да се набават исклучиво онлајн, преку новата платформа на ФФМ – eticket.ffm.mk, која е наменета за дигитална дистрибуција на билети. Белгија важи за најсилниот ривал во групата, па се очекува голем интерес од домашната публика за овој натпревар. Само три дена по дуелот во Скопје, Македонија ќе се соочи со Казахстан на гостински терен во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.