May 29, 2025 | | Свет
Баерн Минхен денеска официјално го претстави новото засилување – Џонатан Та. Германскиот дефанзивец, кој доаѓа како слободен агент од редовите на Баер Леверкузен, потпиша договор со важност до 30 јуни 2029 година. Во новиот клуб ќе го носи дресот со број 4. Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, изјави: „Џонатан Та беше под наша лупа подолго време. Станува збор за фудбалер со силен карактер и лидерски способности. Иако имаше бројни понуди, тој ја избра нашата понуда, што ни е голема чест.“ Кариерата на Та започна во академијата на Хамбургер СВ уште во 2009 година. На само 17 години и 5 месеци дебитираше за првиот тим, станувајќи најмладиот дебитант во историјата на клубот. По 20 настапи за Хамбургер, беше позајмен во Фортуна Дизелдорф, а веќе во 2015 година премина во редовите на Леверкузен. Во дресот на „фармацевтите“, Та настапи на 402 натпревари, со биланс од 18 голови и 13 асистенции. Најголемиот успех го постигна во сезоната 2023/24, освојувајќи ја Бундеслигата, Купот на Германија и Суперкупот со Леверкузен. Со овој трансфер, Баерн Минхен добива искусен и квалитетен стопер, кој ќе внесе стабилност и сигурност во одбранбената линија на тимот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |