May 29, 2025 | | Свет
Интер Мајами конечно ја прекина низата од четири меча без триумф, славејќи дома над Монтреал со 4-2. Најзаслужни за победата беа ветераните Лионел Меси и Луис Суарез, кои уште еднаш покажаа дека возраста не им е пречка кога се на теренот заедно. Иако играат во МЛС, лига што се смета за послаба во однос на европските првенства, нивната магија не избледува. Двајцата постигнаа по два погодоци и запишаа по една асистенција, потсетувајќи на деновите кога доминираа во дресот на Барселона. Особено се истакна Меси, кој прво ја затресе мрежата со прецизен удар од работ на шеснаесетникот, а потоа и со елегантен лоб шут што го остави голманот без шанса. По овој триумф, Интер Мајами се искачи на шестото место во Источната конференција со 26 освоени поени. Тимот има седум бодови помалку од лидерот Филаделфија, но и натпревар помалку за одигрување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |