May 29, 2025 | | Свет
По најавеното заминување на Лука Модриќ и пензионирањето на Тони Крос, Реал Мадрид интензивно бара нов фудбалер кој ќе ја стабилизира средината на теренот. Средниот ред претставуваше проблематична зона за „кралевите“ во изминатата сезона, па засилување во овој сегмент е приоритет летово. На списокот со потенцијални засилувања се најдоа неколку имиња, меѓу кои Тиџани Рајндерс, Енцо Фернандез и Езекиел Паласиос. Но, еден играч почнува сѐ повеќе да се истакнува како реална опција – Анџело Штилер од Штутгарт. Интересот за Штилер, според најновите информации, го поттикнал токму Тони Крос. Германската легенда смета дека неговиот сонародник има потенцијал да биде клучна алка во поврзувањето на одбраната со нападот и директно го препорачал на управата на Реал Мадрид. Иако Чаби Алонсо претходно го побарал Мартин Зубименди, трансферот на играчот во Арсенал е завршен, поради што клубот од Мадрид е принуден да бара алтернативи. Штутгарт, наводно, нема да поставува пречки за трансферот, но шпанскиот гигант ќе мора да издвои повеќе од 50 милиони евра за да го доведе Штилер на „Сантијаго Бернабеу“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |