May 30, 2025 | | Свет
По сезоната која не ги исполни очекувањата – со само еден освоен трофеј, оној во Комјунити Шилд – Манчестер Сити веќе активно ги анализира опциите за летниот трансфер период. Според последните извештаи, „граѓаните“ се многу блиску до ангажман на една од ѕвездите на Серија А – Тијани Рејндерс. Холандскиот репрезентативец имаше блескава сезона во дресот на Милан, иако тимот заврши на осмото место. Со своите настапи, Рејндерс не само што привлече внимание, туку беше прогласен и за најдобар играч од средниот ред во италијанското првенство. Рејндерс важи за фудбалер со извонредна флексибилност – може да покрие дефанзивна улога, но неговата природна позиција е т.н. „осмица“, со силен офанзивен инстинкт. Медиумите блиски до клубот од Манчестер истакнуваат дека во завршницата на сезоната бил особено ефикасен, постигнувајќи дури 15 голови. Според Фабрицио Романо, Манчестер Сити во последните неколку часови испратил понуда од 60 милиони евра, а Милан бара повеќе да го пушти Рејндерс да замине. Сепак, тој пренесува дека преговорите напредуваат. Рејндерс ја започна својата кариера во ПЕК Зволе, а потоа се развиваше низ редовите на АЗ Алкмар, вклучително и кратка позајмица во Валвајк. Во Милан пристигна лани за 20,5 милиони евра, со договор што го врзува до 2030 година. Манчестер Сити гледа во Рејндерс како потенцијален клучен играч за рестартирање на средниот ред, со надеж дека токму неговото доаѓање ќе донесе свежина и нова енергија во борбата за титули.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |