May 30, 2025 | | Свет
Преговорите меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен за трансферот на германскиот бисер Флоријан Вирц се во напредна фаза и според најновите информации – договорот е на повидок. Како што пренесува реномираниот новинар на The Athletic, Дејвид Орнстин, Ливерпул ја испратил својата најнова понуда вредна вкупно 130 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Во моментов двете страни активно работат на финализирање на структурата на исплатата – односно, колку ќе се плати веднаш, а колку ќе зависи од перформансите на Вирц. Она што останува е усогласување на деталите околу бонусите – нивната тежина и конкретните услови под кои би се активирале. Сепак, оптимизмот расте и на „Енфилд“ веќе гледаат на Вирц како на идно креативно срце на тимот. Доколку се реализира, ова ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата на Ливерпул – инвестиција што јасно покажува дека новиот тренерски тим гради амбициозен проект за иднината.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |