Над 3.000 деца бесплатно ќе го гледаат натпреварот Македонија – Белгија

June 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Над 3.000 деца бесплатно ќе го гледаат натпреварот Македонија – Белгија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе овозможи бесплатен влез за сите деца што учествуваа во финалниот турнир на Детската лига и во проектот „Ајде на фудбал“, за престојниот натпревар меѓу Македонија и Белгија на Националната арена „Тодор Проески“. На иницијатива на претседателот Масар Омерагиќ, источната трибина ќе биде резервирана токму за овие млади фудбалски надежи. Со оваа одлука, ФФМ го препознава трудот и ентузијазмот на повеќе од 2000 деца од 96 екипи, како и на речиси 1000 ученици кои беа дел од основните училишни натпревари. Иницијативата е јасна порака за поддршка на младите таленти и поттикнување на љубовта кон фудбалот уште од најрана возраст. Источната трибина нема да биде само публика, туку вистинска симболика на иднината на македонскиот фудбал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.