June 4, 2025 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за важните јунски квалификациски натпревари против Белгија и Казахстан, кои се дел од борбата за пласман на Светското првенство 2026. Во пресрет на првиот предизвик, репрезентативецот Дарко Чурлинов на еден од тренинзите ги сподели своите очекувања. „Одиграв добра сезона, имав одлична минутажа, но сега фокусот е на репрезентативните настапи. Денес нема големи фаворити – ние мораме да придонесеме максимално и да ги одработиме задачите од селекторот. Нема разлика дали играме со Белгија или со Казахстан, секогаш ја претставуваме Македонија на највисоко можно ниво.“ Чурлинов истакна дека тимот е добро подготвен и дека селекторот Благоја Милевски веќе направил детални анализи на противниците. „Правевме анализи, имавме состаноци и сме целосно фокусирани на мечот со Белгијците. Тактички сме добро потковани – ќе го видите тоа и на самиот натпревар.“ Македонија најпрво ќе се соочи со Белгија во петок (7 јуни) од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а потоа ќе гостува во понеделник (10 јуни) кај Казахстан.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |