June 26, 2024 | | Свет
Португалија веќе обезбеди пласман во нокаут фазата а натпреваврот со Грузија ќе биде формалност каде селекторот Мартинез ќе може да направи ротации. Селекторот исто така потврди дека Роналдо останува во почетниот состав и дека ќе го игра и овој натпревар. „Можам да кажам дека капитенот ќе биде во стартните единаесет. Важно е да игра, одигра само еден подготвителен натпревар, имаше многу константна сезона, играше на секој натпревар, имаше многу минутажа и мислам дека за да продолжиш со натпреварувачкиот ритам не е добро да застанеш па повторно да се активираш за шест дена. Капитенот и Диого Коста се двајца играчи кои се во стартните единаесет“, рече тој. Роналдо воедно нема постигнато гол на Европското првенство, па денес ќе има шанса пак да го стори тоа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |