June 5, 2025 | | Македонија
Талентираниот македонски фудбалер Матеја Масев направи голем чекор во кариерата, откако денеска официјално потпиша свој прв професионален договор со српскиот фудбалски великан – Црвена Звезда. На свеченоста по повод потпишувањето присуствуваа и претседателот на клубот Светозар Мијаиловиќ, како и директорот на младинската школа, Никола Јелиќ. Тие му посакаа добредојде во сениорскиот погон и му честитаа за постигнатиот успех. Масев не е единствениот Македонец што доби ваква чест. Претходно, професионални договори со белградските „црвено-бели“ веќе потпишаа и Матеј Гаштаров (18) и Лука Трпески (15), што покажува дека Црвена Звезда сериозно инвестира во македонскиот фудбалски потенцијал. Очигледно е дека клубот има голема доверба во младите македонски играчи и верува дека токму тие ќе бидат дел од иднината на клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |