June 6, 2025 | | Македонија
Македонија фуриозно го отвори второто полувреме против Белгија и успеа да ја затресе мрежата преку Елиф Елмас, но радоста беше краткотрајна. По убавата акција и одличниот удар на Елмас, топката заврши во мрежата, а голманот Селс беше немоќен да реагира. Сепак, ВАР-технологијата се вмеша и го поништи погодокот. Причината – офсајд на Бојан Илиевски, кој ја допре топката на патот до голот, што според правилата значеше активно учество во акцијата. Судиите не се двоумеа и сигнализираа недозволена позиција, по што голот беше поништен. Македонија продолжи да игра мотивирано, но овој момент беше голем удар за момците на селекторот, кои веќе почнаа да слават изедначување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |