Тензии во Србија: Неколку фудбалери во бунт против селекторот Пикси

June 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тензии во Србија: Неколку фудбалери во бунт против селекторот Пикси

По елиминацијата на Србија од Европското првенство, неколку репрезентативци изразиле недоволство кон селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Душан Тадиќ, Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и неговиот брат Вања се спомнати како можни бунтари, изразувајќи намера да не играат под негово раководство, а информацијата ја пренесе „B92“ . Резултатите на тимот беа разочарувачки, со Србија која заврши на последното место во својата група. Тадиќ е лут поради тоа што беше на клупата против Англија, а беше резерва и против Данска. Митровиќ бил незадоволен кога Пикси го замени против Англија, а вчера по мечот со Данска рече дека веројатно тактиката не била добра. Сергеј Милинковиќ-Савиќ одигра очајно Европско првенство и беше заменет на полувремето, а против Словенија и Данска беше резерва. Неговиот брат Вања пак, беше прв голман во Лигата на нации и квалификациите, но местото го загуби ЕП од Предраг Рајковиќ, кој веројатно беше најдобриот играч на Србија. „Telegraf“ пак пренесе дека и тој ќе застане на страната на оваа група на играчи нема да игра се додека Драган Стојковиќ е на селекторската позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.