June 8, 2025 | | Свет
Барселона го договори младиот голман Жоан Гарсија, кој од следната сезона треба да биде прв голман на тимот. Тоа значи дека Марк-Андре Тер Штеген најверојатно ќе мора да го напушти клубот. Иако Тер Штеген кажа дека сака да остане и покрај тешката повреда што ја имаше, новиот тренер Ханси Флик има други планови. Тој сака да го тргне Германецот од екипата, иако Тер Штеген е еден од капитените и има договор со клубот до 2028 година. Според каталонските медиуми, Тер Штеген не сака доброволно да замине и ќе се обиде да остане, што може да доведе до судир со управата. Дополнителен проблем за Барселона се високите примања на голманот, кој е еден од најплатените во тимот. Барселона размислува дури и да му ја плати целата сезона се со цел да го раскине договорот со голманот. Воедно, се откри и нов скандал поврзан со Германецот. Имено, по последниот домашен дуел со Виљареал во Ла Лига, планот бил тој да зборува пред публиката како прв капитен за сезоната која ја имаше тимот, но тој одбил да го направи тоа, што предизвикало нов скандал во таборот на каталонскиот клуб.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |