June 8, 2025 | | Свет
По завршувањето на вториот пријателски натпревар помеѓу младинските фудбалски селекции до 16 години на Босна и Херцеговина и Македонија, кој се одигра во Зеница, дојде до несакан инцидент. Откако судијата го означи крајот на натпреварот, започна вербална расправија меѓу двајца играчи, која брзо прерасна во физичка пресметка. Во конфликтот се вклучија и останатите фудбалери од двете страни, што доведе до краткотрајна тепачка на теренот. За среќа, ситуацијата не траеше долго — судиите и тренерите интервенираа навреме, па инцидентот беше брзо ставен под контрола. Играчите беа повлечени во соблекувалните, а немаше посериозни последици од настанот. Средбата заврши нерешено, со резултат 2-2.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |