June 8, 2025 | | Свет
Фудбалската репрезентација на Франција го освои третото место во Лигата на нации, откако попладнево во Штутгарт со 2-0 ја совлада селекцијата на Германија. Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше брилијантниот Килијан Мбапе, кој повторно демонстрираше зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Мбапе прво самостојно ја затресе мрежата на Германија, а потоа и маестрално му асистираше на младиот Мајкл Олис за вториот погодок, со што Французите ставија печат на својата доминација и обезбедија заслужено место на победничкиот пиедестал. Германија имаше идеална шанса да поведе уште во првото полувреме, откако во 31. минута Карим Адејеми беше соборен од голманот Мањан. Словачкиот арбитер Иван Кружилак веднаш покажа на белата точка, но по прегледување на снимката со ВАР, пеналот беше поништен. Французите ја искористија психолошката предност и во завршницата на првиот дел дојдоа до водство – Мбапе со прецизен удар го совлада Тер Штеген. Во 84. минута, по одлична акција и асистенција од Мбапе, Олис го постави конечниот резултат 2-0. Финалето на Лигата на нации е закажано за вечерва во 21:00 часот, кога Португалија и Шпанија ќе се соочат во борбата за титулата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |