June 9, 2025 | | Свет
Кристијано Роналдо по натпреварот со Шпанија откри дека почувствувал болка уште на загревањето, но одлучил да игра бидејќи се работело за финале и можност за нов трофеј со Португалија. „Веќе извесно време имам проблем, а денеска почувствував повреда на загревањето. Но, за Португалија – ако треба да ја скршам ногата, ќе го направам тоа“, изјави Роналдо. Тој постигна гол и во финалето против Шпанија, како и во полуфиналето против Германија, и беше клучен за освојувањето на Лигата на нации. „Ова беше натпревар за титула, мораше да бидам на теренот и да дадам сè од себе. Јасно е дека сум блиску до крајот на кариерата, но додека сум здрав, ќе продолжам да играм и да уживам во секој момент.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |