Реал Мадрид го краде Зубименди од Арсенал!?

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид го краде Зубименди од Арсенал!?

Мартин Зубименди беше многу блиску до преселба во Арсенал, но сега се појави нов пресврт – Реал Мадрид влегол во игра за неговиот потпис, објавуваат шпанските медиуми. Иако трансферот во Арсенал беше речиси договорен, конечниот договор сè уште не е потпишан. Весникот „Марка“ пишува дека Зубименди добил повик од Реал Мадрид и дека тоа може целосно да ја смени ситуацијата. За секој шпански играч, понуда од Реал Мадрид е голема чест, па сега Арсенал се соочува со сериозна конкуренција. Се уште нема одлука, и останува неизвесно дали Зубименди ќе премине во Премиер лигата или ќе остане во Ла Лига со дресот на Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.