Тотенхем брзо ја пронајде замената за Постекоглу

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тотенхем брзо ја пронајде замената за Постекоглу

Навивачите на Тотенхем сè уште се во неверување по одлуката на раководството да му врачи отказ на Анже Постекоглу, тренерот кој го донесе првиот европски трофеј во клупската историја – Лига Европа, и го пласираше тимот во Лигата на шампионите. И покрај успешната сезона, раководството реши да се раздели со австралискиот стратег, што предизвика жестоки реакции кај фановите и дел од фудбалската јавност. Но, клубот веќе се движи напред – според информации од Англија, нов тренер на „петлите“ ќе биде Томас Франк. Данскиот стручњак, кој од 2018 до минатата сезона успешно го водеше Брентфорд, веќе се договорил со Тотенхем. Франк е познат по својот модерен пристап, развој на млади играчи и стабилноста што му ја донесе на Брентфорд, клуб кој го трансформираше во конкурентен тим во Премиер лигата. Официјалната промоција на Томас Франк како нов предводник на Тотенхем се очекува во наредните денови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.