Почетни состави: Македонија тргнува офанзивно против Казахстан!

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Почетни состави: Македонија тргнува офанзивно против Казахстан!

Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра четвртото коло од квалификациите за Светското првенство, а противник е селекцијата на Казахстан. Селекторот Благоја Милевски направи три промени во стартниот состав во однос на претходниот натпревар против Белгија, и сите се со офанзивен карактер. На десната бековска позиција ќе стартува Стефан Деспотовски наместо Бојан Илиевски. На средината и во нападот, шанса од првата минута добиваат Дарко Чурлинов и Александар Трајковски, кои ќе ги заменат подефанзивните Јани Атанасов и Андреј Стојчевски. Овие промени сугерираат дека Македонија ќе влезе поагресивно и со амбиции за победа на незгодното гостување во Астана.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.