June 9, 2025 | | Свет
Манчестер Сити попладнево официјално го потврди трансферот на левиот бек Рајан Аит Нури од Вулверхемптон. Алжирскиот репрезентативец пристигнува на „Етихад“ во зделка вредна 31 милион фунти (околу 37 милиони евра), со потенцијални бонуси кои можат да ја зголемат сумата на 36 милиони фунти (околу 43 милиони евра). Со ова засилување, Пеп Гвардиола конечно добива природен лев бек – позиција која последниве сезони беше импровизирана со играчи од други профили. Аит Нури ќе биде првото летно засилување за актуелниот англиски шампион. „Огромна чест и радост е тоа што ќе му се придружам на Манчестер Сити. Се работи за еден од најголемите клубови во светот и шансата да го облечам овој дрес е остварување на сонот,“ изјави 23-годишниот Алжирец. „Со нетрпение очекувам да учам од Пеп и неговиот стручен штаб, како и да тренирам и играм заедно со играчи од светска класа. Овој трансфер е значаен и горд момент за целото мое семејство.“ Аит Нури важи за еден од најперспективните леви бекови во Премиер лигата, а со својот технички потенцијал и офанзивна активност, се очекува да донесе нова димензија во играта на „граѓаните“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |