June 9, 2025 | | Свет
Роберт Левандовски, еден од најголемите фудбалери во историјата на Полска, предизвика бура во јавноста со објавата дека повлекува од репрезентативниот дрес сè додека селектор останува Михал Пробјеж. Синоќа, напаѓачот на Барселона со кратко, но јасно соопштение преку социјалните мрежи ја извести јавноста дека повеќе нема да настапува за националниот тим. Причината, како што објаснува во подолга изјава, е нарушената доверба и непочитувањето од страна на селекторот. „Имам впечаток дека селекторот подлегна на медиумскиот притисок. Тој го прекрши нашиот личен договор, и тоа многу ме погоди и изненади“, изјави Левандовски. Тој детално го опиша моментот кога бил информиран дека останува без капитенската лента. „Додека ги заспивав децата, Михал Пробјеж ми се јави и ми кажа дека нема повеќе да бидам капитен. Разговорот траеше само неколку минути. Немав време ни да разговарам со семејството, а веќе беше објавено соопштение на веб-страницата на ФФП. Тоа беше целосен шок за мене.“ Левандовски потенцира дека не се работи толку за лентата, колку за начинот. „Капитен сум веќе 11 години, а 17 години сум во репрезентацијата. Мислам дека оваа ситуација можеше да се реши со дијалог и почит. Начинот на кој сè беше соопштено – тоа е она што најмногу боли.“ „Селекторот ме предаде. Додека тој е на клупата, јас нема да играм за Полска.“ Ситуацијата предизвика лавина реакции во полската јавност, а фудбалската федерација допрва треба да се изјасни околу евентуалната ескалација и иднината на националниот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |