Верни до крај: Фанови на Роналдо го нападнаа Франк Рибери (ВИДЕО)

June 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Верни до крај: Фанови на Роналдо го нападнаа Франк Рибери (ВИДЕО)

Франк Рибери, легендарниот француски фудбалер и поранешен репрезентативец, синоќа беше вербално нападнат од група навивачи на Кристијано Роналдо на финалето на Лигата на нации меѓу Португалија и Шпанија. Инцидентот следеше по една негова објава на Инстаграм, со која го коментираше ставот на Роналдо во врска со Златната топка. Португалецот неодамна изјави дека Златната топка треба да ја добие фудбалер кој ја освоил Лигата на шампионите, а Рибери се огласи потсетувајќи на 2013 година – година кога тој со Баерн Минхен освои тројна круна, но сепак признанието му припадна на Роналдо, иако не освои ниту еден тимски трофеј. Навивачите на Роналдо не ја примија добро оваа забелешка. На трибините го исвиркаа Рибери, скандираа против него и му дофрлаа, но Французинот не се вознемири. Напротив, тој со насмевка им враќаше, ги снимаше со мобилен телефон и дури им гестикулираше во шеговит тон. „Навикнат сум на вакви реакции. Секој има право на свое мислење, исто како што и јас имав право да се потсетам на една несправедливост која многу луѓе не ја заборавија“, кратко изјави Рибери по мечот, не давајќи им поголемо значење на нападите. Иако поминаа речиси 11 години од спорната додела на Златната топка во 2013, оваа тема сè уште предизвикува емоции меѓу фановите – а очигледно и меѓу самите фудбалери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.