Се воведуваат три нови правила на Светското клупско првенство

June 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Се воведуваат три нови правила на Светското клупско првенство

Светското клупско првенство ќе се игра од 14 јуни до 13 јули годинава, а на него ќе настапат 32 екипи од целиот свет и исто така ќе бидат воведени три нови правила. Главниот судија ќе носи камера на дресот за да се погледне неговиот преглед на игра, односно да се види каков поглед имал во одредена ситуација. Снимките направени со малата камера ќе се пуштаат за време на преносот на телевизија. Одлуката на ВАР-собата во иднина ќе се следи на големи екрани. Гледачите ќе можат да видат што се случува и да бидат сведоци на носењето на важни одлуки на судиите. Полуавтоматски систем за одредување на офсајд. Ова веќе се тестира во одредени лиги, меѓутоа сега ќе бидат воведени многу повеќе камери, сензор за топката поврзан со вештачка интелигенција, како и систем за следење на фудбалерите и топката.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.