Челси се откажа од Мењан, им бил скап

June 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Челси се откажа од Мењан, им бил скап

Челси реши да се откаже од потпис на голманот на Милан Мајк Мењан поради цената која италијанскиот гигант ја бараше за него. Тимот од Лондон нудеше околу 15 милиони евра, но Милан бараше повеќе. Целта на Челси беше да го договори трансферот пред почетокот на Светското клупско првенство, но сепак тоа нема да се случи. Според Фабрицио Романо, Челси не сакал да го плати „данокот“ на ова натпреварување, односно високата цена која Милан ја барал токму поради ова натпреварување. Воедно, Челси на располагање ги има голманите Петровиќ, Санчез, Јоргенсен и талентот Мајк Пендерс за голманската позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.