June 10, 2025 | | Свет
Манчестер Јунајтед го објави списокот на фудбалери кои ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната, означувајќи го почетокот на големата реконструкција најавена за летово. Најзвучни имиња меѓу заминувачите се Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф и Џони Еванс, а според англиските медиуми, не е исклучена можноста во следниот период да заминат и други значајни фудбалери како Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Касемиро. Ериксен ја заврши својата епизода на „Олд Трафорд“ на симболичен начин – со погодок од пенал во победата над Астон Вила (2-0), што беше негов 108. настап за клубот. На истиот натпревар настапија и Линделоф и Еванс. Швеѓанецот Линделоф се разделува со клубот по осум сезони, со вкупно 284 натпревари и трофеи во ФА Купот и Лига Купот. Џони Еванс, пак, го напушта клубот по вторпат – неговата прва епизода започна во 2007 година, кога освои три титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Лига Купот, а со враќањето во 2023 година ја заокружи колекцијата со нов ФА Куп. Покрај овие искусни имиња, клубот го напуштаат и шест талентирани млади играчи од академијата: Хуберт Грачик, Џек Кингдон, Сем Мари, Том Мајлс, Џејмс Нолан и Том Вустер. Голманот Том Хитон засега е слободен агент, но од клубот потврдија дека сè уште се водат разговори за евентуално продолжување на соработката. Од Манчестер Јунајтед испратија благодарност до сите играчи кои заминуваат и нагласија дека се горди на својот младински погон, додавајќи дека секој од нив останува дел од „црвеното“ семејство.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |